Турција: Едно лице загина, три деца повредени од граната од сириска територија

Од:

Еден човек е убиен, а неговите три деца се повредени во југоисточна Турција од граната која паднала од сириска територија.

Човекот загинал кога гранатата паднала во неговата градина во местото Чејланпинар, кое се наоѓа наспроти сирискиот град Рас ал Аин, во кој изминатите денови се водат борби, пренесува весникот „Хуриет“.

По најновиот инцидент, бројот на загинати на турска територија се искачи на три лица.

Прекуграничните инциденти се резултат на судирот меѓу бунтовниците од Сириската слободна армија и курдските борци, лојални на

Партијата за демократско единство, која е сириски огранок на Курдската работничка партија.

Во Турција во моментов претстојуваат околу 500.000 сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски