Турција: Адвокати протестираа поради однесувањето на полицијата

Од:

Илјадници турски адвокати облечени во црно, денеска излегоа од судовите и протестираа во Истанбул и Анкара, извикувајќи слогани против бруталното однесување на полицијата кон нивните колеги, кои што се придружиле во најголемите антивладини протести во Турција, во последните неколку години.

Овие протести станаа најголем тест досега за премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговата влада за овие 10 години, колку што е на власт.

Адвокатите денеска протестираа поради бруталното однесување на полицијата кон десетина нивни колеги, кои вчера на кратко беа приведени.

Заменикот на претседателот на Адвокатската комора од Анкара, Сема Аксој вели дека на адвокатите им биле ставени лисици и дека биле приморени да легнат на под. Таа истакна дека полициската акција е директна навреда за турскиот правосудски систем.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски