Тропски температури на Балканот

Од:

Високи температури на воздухот денеска се измерени во сите градови на Балканот.


Температурите во Босна и Херцеговина се над 35 степени Целзиусови, а во Мостар се измерени 40 степени. Во главниот град на БиХ во 14 часот температурата била 34 степени. Според метеоролозите високите температури од 34 до 38 степени, ќе се задржат и во следните денови.


Во Србија до петок ќе биде многу топло со температура од 35 до 40 степени. Во поголемиот број српски градови денеска се измерени 32, а во Белград 33 степени, а до крајот на денот се очекува температурата да се искачи до 36 степени.


Најтопол град во Црна Гора денеска беше Подгорица, каде се измерени 40 степени Целзиусови, додека во Херцег Нови – 39. Температурата на морето во Херцег Нови е 26, во Будва 24, а во Улцин 22 степени.


Книн денеска е најтопол град во Хрватска со 39 степени, а во 14 часот во Загреб се измерени 35 степени. Од приморските градови најтопло е во Сплит – 37 степени, а во Дубровник се измерени 33 степени. Морето е најтопло во Задар 26 степени, во Сплит – 25, а во Дубровник и на Хвар – 23 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска