Тројца загинати и 40 ранети во напад на полициска станица во Турција

Од:

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 40 се ранети откако автомобил-бомба експлодира пред полициска станица во источната турска провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата.

Не се знае колку полицајци и цивили има меѓу загинатите и ранетите во нападот на станицата, која се користи и како полициска касарна.

Премиерот Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили со автомобили-бомби, посочуваат британските медиуми.

Југоисточниот дел на Турција, населен главно со Курди, е зафатен од бран насилство откако во јули минатата година се распадна спогодбата за прекин на огнот, што беше склучена пред 2,5 години од страна на турските власти и забранетата Курдска работничка партија .

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски