Тројца турски војници убиени и 12 ранети од подметнати бомби во југоисточниот дел на земјата

Од:

Најмалку тројца турски војници се убиени, а 12 други се ранети во три оделни напади, за кои се претпоставува дека се дело на курдските бунтовници, кои водат вооружена борба во југоисточниот дел на земјата, пренесе агенцијата Анадолија.

Во нападот извршен на патот што ги поврзува окрузите Мардин и Дијарбекир, убиени се  тројца војници, а неколку други се ранети.

Претходно денеска дванаесет турски војници беа ранети откако курдските борци во два одвоени напади активирале подметнати бомби крај патот во југоисточниот дел на земјата, пренесе Анадолија.

Осум војници биле ранети, кога рачно изработена бомба, поставена од борците на Курдската работничка партија (ПКК), експлодирала на пат во округот Ван во моментот кога армиското возило минувало во непосредна близина.

Двајца од војниците во нападот се здобиле со посериозни повреди.

Во друг сличен напад врз воено возило, на пат во округот Хакари, ранети се други четворица војници.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски