Тројца терористи загинаа во престрелка со турската жандармерија

Од:

Тројца припадници на терористичка организација биле убиени во округот Карс, во североисточниот дел на Турција, при престрелка со жандармеријата.

Името на терористичката организација не се споменува, но веројатно станува збор за Курдската работничка партија (ПКК), која е активна во источните делови од земјата.

Властите трагаат по уште еден напаѓач, кој успеал да избега.

Десетици илјади луѓе загинаа од почетокот на борбата на ПКК во 1984 година за курдска автономија во Југоисточна Турција. Кон крајот на 2012 година турските власти започнаа преговори за мирно решавање на курдскиот конфликт со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски