Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње

Од:

Владата на Црна Гора вечерва ќе прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во историската престолнина Цетиње.

Ова, како што пренесува РТЦГ, го напиша црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на својот канал на Телеграм.

„Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње“, напиша Абазовиќ во претходна објава на Телеграм.

Единаесет лица се убиени, меѓу кои и напаѓачот и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора