Триесет дневен притвор за косовските имами

Од:

Основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од триесет дена на дванаесетте косовските имами, кои беа приведени во средата, јави дописникот на МИА.

Тоа значи дека во затворски притвор е и имамот на големата џамија во приштина, Шефќет Красниќи. Идентична мерка им е изречена и на другите три лица, кои беа притворени во истата акција. Меѓу нив е лидерот на партијата ЛИСБА, Фуад Рамиќи.

Обвиненито ги товари за учество во терористички групи, потикнување омраза, регрутирање и испраќање лица на боиштата во Сирија и Ирак.

Красниќи дополнително се товари и за перење пари и финансирање тероризам. Во неговата куќа при претресот во средата беше пронајдена и конфискувана голема количина на пари во разна странска валута.

Во знак на солидарност со уапсените имами за вчера попладне преку социјалните мрежи се повикуваше на протест во Приштина, но муфтијата на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава упати апел до граѓаните да не протестираат и да им веруваат на органите на правдата.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски