Три возила од придружбата на Јосиповиќ се судрија кај Котор

Од:

Три автомобила од државниот протокол на Црна Гора, кои биле во придружба на претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, се судрија денеска во тунелот Врмац, кај Котор.

Подгоричките медиуми соопштуваат дека Јосиповиќ не бил во едно од тие возила, а на мерцедесите е предизвикана материјална штета. До несреќата дошло кога едно од возилата од државниот протокол нагло запрело, по што дошло до вержен судар. Во несреќата нема повредени.

josipovicKotor

Јосиповиќ претходно во Тиват се сретна со Хрватите кои живеат во Црна Гора.

Хрватскиот претседател вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора, за време на која се сретна со црногорскиот колега Филип Вујановиќ, премиерот Мило Ѓукановиќ и претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски