Трамп го потпиша протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, со што е завршена процедурата за негова ратификација во САД, јави „Гласот на Америка“.

Белата куќа се уште официјално го нема објавено соопштението за потпишување на протоколот.

Американскиот Сенат го ратификуваше протоколот со огромно мнозинство гласови на сенаторите од двете партии – 97 се изјаснија со „да“, додека само двајца сенатори, Ренд Пол и Мајкл Ли, беа „против“.

Сенаторите оценија дека членството на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне Алијансата и истовремено ќе ја зацврсти демократијата и независноста на Црна Гора.

Исто така наведоа дека црногорското членство ќе ја зајакне американската национална безбедност и ќе и испрати силна порака на Русија „што пробува да ги окупира соседите и да го менува меѓународниот поредок“.

Откако Трамп се потпиша на ратификуваниот протокол за ширење на Алијансата, останува процедурата за верификација да ја окончаат уште Холандија и Шпанија.

Црногорските претставници очекуваат Црна Гора да биде полноправна членка на НАТО веќе на самитот што ќе се одржи кон крајот на мај во Брисел.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата