Трајан Басеску ја напушти Демократско-либералната партија

Од:

Романскиот претседател Трајан Басеску кажа „збогум“ на својата партија по синоќешниот избор на претседател на главната опозициска група во Романија, Демократско-либералната партија\.

Василе Блага, поранешен министер за внатрешни работи и претседател на ДЛП на последните парламентарни избори, синоќа беше реизбран на функцијата претседател на партијата, пренесува БТА.

Трајан Басеску објави дека се повлекува од партијата, со која раководеше до 2004 година, пред на двапати да биде избран за претседател на Романија.

– Ќе се посветам на изградбата на нова десничарска формација со чесни луѓе, кои го прифаќаат демократското право на оспорување, изјави Басеску во видео запис, објавен на неговата „Фејсбук“ страница.

Демократско-либералната партија на последните избори во Романија освои само 16 проценти од гласовите. Левоцентристичката коалиција победи на изборите со околу 60 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет