Трагедија во Црна Гора: Татко со лопата ја претепал ќерка си до смрт

Од:

Црногорската полиција денеска го уапси Мирсад Аџовиќ (39) од Подгорица поради сомнеж дека на смрт ја претепал малолетната ќерка А.А. (17).

Управата на црногорската полиција наведува дека убиството се случило во семејната куќа во подгоричката населба Коник.

Досегашната криминалистичка обработка упатува на тоа дека Аџовиќ и задал повеќе удари со дршка од лопата во главата и телото на малолетната ќерка, од кои таа починала, соопшти полицијата.

Од полицијата соопштија дека осомничениеот со кривична пријава ќе биде предаден на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора