Топ Чанел : Хаг ја проширува истрагата во Албанија против поранешен командант на ОВК

Од:

Хашките специјални истражители ја прошируваат истрагата и во Албанија, испрашувајќи поранешни албански војници кои и се приклучиле на ОВК, јави телевизијата Топ Чанел.

Повикувајќи се на извор близок до специјалните обвинители во Хаг, телевизјата наведува дека покана за распит добил Адем Шеху, поранешен командант на 153-та бригада, од оперативната зона Лап.

Истите извори, под услов на анонимност, за Топ Чанел изјавил дека специјалните обвинители преку писмо испратено до Министерството за правда на Албанија на 14 декември 2020 година, побрало да му биде доставена покана на Адем Шеху, што пак судски полицаец му ја доставил ден подоцна.

Тој во Хаг треба да биде на 28 јануари, а ќе биде испрашуван за неговата активност како командант на 153-та бригада и борбите во областа Галак кај Приштина.

Контактиран телефонски од Топ Чанел, Адем Шеху не дал коментар, потенцирајќи дека почитува една од точките во поканата од Хаг да не комуницира со медиумите.

-Адем Шеху по потекло е од Фарка, Тирана, а дипломирал на високата школа за офицери во 1980 година и работел во албанската армија. Во неговото родно место организирал борбена обука за „борци од Косово, албанските етнички простори и од западните земји“. Групите се состоеле од 25-30 лица, наведува телевизијата.

Додава дека неговиот дом во Фарка, бил претворен во центар за обука – воена академија. Кога започнала војната, тој ги обучувал водачите на ОВК за тоа „како да ги намалат загубите за време на борбите“. Потоа заминал за Косово и за кратко време станал командант на 153-та бригада во областа Лапи.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Јаневска најавува постапка за училиште во Челопек за облекување на ученици во униформи на неформални воени групи

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар