Тлото во Хрватска не мируваше ниту на новогодишната ноќ

Од:

Три дена по разорниот земјотрес што ја погоди Хрватска, земјата сè уште не мирува. За време на новогодишната ноќ се почувствуваа низа земјотреси, а најсилниот, кој беше 3 степени по Рихтер, се почувствува околу 5 часот утрово.

Според ЕМСЦ, во Хрватска се регистрирани 164 земјотреси за 70 часа.

Седум лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Петриња во вторникот во 12:19 часот. Земјотресот беше со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Петриња и Мајске Полјање беа речиси уништени во земјотресот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски