Tензично пред судот во Атина: Навивачи на АЕК фрлаа шишиња со вода додека хрватските навивачи даваа изјави

Од:

Судири избувнаа пред зградата на судот во Атина, каде што денеска дадоа изјави десетици уапсени навивачи на Динамо Загреб.

Околу 200 навивачи на АЕК од Атина се собраа пред комплексот на судот, а некои фрлаа шишиња со вода и други предмети кон полицијата и телевизиските екипи, пренесе АП.

Засега никој не е уапсен или повреден.

Државната телевизија ЕРТ објави дека главни осомничени се тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец, со оглед дека при апсењето на албански и хрватски државјанин биле пронајдени џебни ножеви со траги од крв.

Од тројцата Грци, двајца се навивачи на АЕК и веќе и се познати на полицијата бидејќи имаат криминално досие, едниот претходно бил приведен четири пати, другиот еднаш, додека потрагата по третоосомничениот Грк е во тек, иако тој веќе бил идентификувани.

Како што јави ЕРТ, продолжуваат лабораториските анализи на генетскиот материјал земен од уапсените хулигани, а на ноктите на жртвата била откриена ДНК на сторителот или насилниците.

Приврзаниците на фудбалските клубови АЕК од градот домаќин и Динамо од Загреб се судрија во понеделникот во Атина.

Гркот Михалис Кацурис (29) почина од повеќе убодни рани здобиени со нож при тепачка меѓу десетици навивачи што се случи еден ден пред натпреварот од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите на стадионот АЕК во атинското предградие Неа Филаделфија.

Уште четворица Грци и четворица Хрвати биле згрижени во болница поради повредите, а околу 100 лица, главно навивачи на Динамо, беа уапсени.

Кацурис е погребан денес во неговиот роден град Елефсина, 25 километри западно од Атина.

Локалните власти откажаа неколку јавни настани пред погребот во знак на жалост.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина