Темната страна на реките бегалци

Од:

Катимерини – Атина

Понеделник утрото на улицата „Ангелаки“ во центарот на Солун. Ме сопре црномуресто момче на околу 20 години.

– Четири дена не сум јадел, дали можете да ми дадете пет евра?, ме праша момчето на совршен англиски јазик. Тој е добро облечен, носеше ранец на рамото и не изгледаше дека е од Ромите кои „доаѓаат“ организирано со автобуси од Бугарија за да питачат по центарот на градот.

Давајќи му ги побараните пари, почнува разговорот со него и сфаќам дека дошол од Сирија преку Турција и дека сака да стигне до Германија, но му снемале пари.

– Подготвен сум да работам што и да е, за да соберам пари за да продолжам со патувањето, ми одговори момчето.

Не знам дали тој отиде до блиската општина, каде и го упатив, со надеж дека таму ќе му помогнат, но слични животни приказни се секојдневи за тоа што се случува во самите бегалски потоци кои се редат од Блискиот исток до Европа.

Судирите меѓу религизони групи, крвави инциденти меѓу мигранти и бегалци, малтретирања од страна на турските полициски власти. А и исчезнување на деца, сексуални злоставување на жени во шаторите по камповити, полови односи со жени и мажи како начин на плаќање за да се зачуваат пари за шверцерите со луѓе, изнудувања, „незаконски работи“, па дури и чести престрелки врз групи во планинските региони од ловци кои гледаат на бегалците како на дивеч, се дел од нештата во однос на темната страна на реките од бегалци. Некои од нив излегуваат на светлината на денот како поплаки пред меѓународните организации.

Во изјава за телевизискиот канал Ал Џезира, регионалниот претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Рон Редмонд спомна за жени кои минуваат преку Турција на пат кон Грција, кои во многу случаи се појавуваат во едни исти шатори со мажи и како резултат на тоа „тие се чуствувале многу вознемирени“.

Според него, по маршрутата од Сирија кон Европа „многу жени чии пари биле украдени или биле потрошени, биле принудени да имаат секс со мажи како начин на плаќање за да го продолжат своето патување“.

Покрај тоа, турскиот новински сајт „Азанлакча“ објави дека организацијата „Спасете ги децата“ регистрирала „многу случаи на малтертирање на деца“. Многу голем исто така е бројот на исчезнати деца. Според истото издание, 50 отсто од децата кои пристигнуваат без придружници во центрите за бегалци исчезнуваат уште во првите 48 часа по нивното доаѓање и така не се откриени.

Организацијата Амнести итернешанл ја обвини Турција дека грубо ги крши човековите права на бегалците и дека тоа се случува откако беше постигнат договор со ЕУ дека ќе преземе мерки за соприрање на реките од бегалци.

На турските власти дури им се припишуваат насилства врз бегалци кои живеат надвор од камповите во југоисточните региои во земјата, кои за да преживеат се принудени да живеат нелегално или да питачат.

Триесет и шестгодишна беглака која престојува во еден сиромашен стан во Истанбул, за организацијата изјави дека полицијата се појавила пред нејзината врата и сакале да ја искршат. Според неа, тоа се случило додека нејзиините деца биле кај неа, а за рацијата не било дадено никакво објаснување.

– Тие се однесуваа кон нас како да сме криминалци, рекла таа.

Само 260,000 од вкупно 2,2 милиони бегалци кои избегале во Турција, сега се сместени во организирани кампови. Останатите се расштркани по целата земја и живеат без да имаат работа или пари, гладни, гонети од полицијата и без надеж дека наскоро ќе се вратат во своите домови или дека ќе можат да стигнат до Европа.

Случате на насилство врз нив од страна на полициските власти, но исто и од локални луѓе кои сметаат дека бегалците им ги земаат работните места, се на пат да добијат ендемични размери во многу реони во Турција.

И додека Европејците ги засилуваат проверките по границите, цвета издавањето лажни документи и мрежите на шверцери на луѓе кои трупаат се поголеми профити. Освен тоа, ти ги снабдуваат бегалците и мигрантиѕе со пасоши или други документи, а во Сирија и Турција има дури и организирани „крусеви“ каде швердерит ги обучуваат бегалците како да ги мамат властите при граничните проверки.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос