Таткото кој со сопругата ги уби децата и се самоубија бил текстописец за метал бендови

Од:

Трагедијата која се случи во Нови Сад ја разбранува јавноста во регионот, а сега испливуваат се повеќе детали за парот и нивните навики и што работеле за да обезбедат егзистенција.

Имено, 25-годишниот маж кој се сомничи дека заедно со сопругата ги убиле своите деца, а потоа се самоубиле заеднички, се занимавал со пишување текстови за песни. Некои локални метал бендови добро го познавале и не можат да поверуваат што се случило.

Деталите откриваат дека парот се оттуѓил од своите семејства и живееле тивок и повлечен живот, без многу контакт со соседите и пријателите.

Во куќата во која се пронајдени телата на децата е пронајден и фунгицид со кој веројатно се отруени децата. Сепак, обдукцијата ќе покаже од што настрадале. При истрагата се запленети и компјутерите и телефоните кои биле најдени во куќата каде парот живеел под кирија, со цел да се открие со кого биле во контакт и што пребарувале на интернет.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Србија