Тајно патување за кое не знаеле ни најблиските соработници

Од:

Јутарњи лист – Загреб

Стипе Месиќ, претседател на Хрватска од 2000 до 2010 година, во тајност ја посетил Северна Кореја, а за посетата на злогласната комунистичка држава, која ја води Ким Јонг-Ун, не биле запознати ни неговите најблиски соработници. Исто како што не е познато кога Месиќ бил во Пјонгјанг, по кој повод и со кого се состанал.

Оваа многу бизарна приказна за Јутарњи лист ја потврдија некои од најблиските соработници на поранешниот претседател на Република Хрватска, кои исто така биле изненадени кога го прочитале описот на Месиќ на Пјонгјанг.

Според пишувањето на Телеграм, „Стјепан Месиќ неодамна, како еден од ретките светски државници, ја посетил Северна Кореја, најзатворена, најтаинствена, а откако овие денови направи пробно испалување на хидрогенска или атомска бомба, воедно, таа е и најопасна држава на светот‟.

Целосна изолација

Месиќ опишал дека бил сместен во резиденцијален кварт во кој се било во ред, освен една работа: во текот на престојот во вилата во која бил сместен не видел никого, ни вработен персонал, ни собарки, па ни чувари. А кога го носеле во градот, со никого не можел да прозбори ни збор. Ни надвор од вилата немало никој, дури кога ги одвеле во музеј или училишниот центар, сретнувале обични луѓе, но со никого не можел да комуницира.

Се чини дека колумната на Телеграм делумно е неточна бидејќи во неа пишува дека Месиќ во Северна Кореја бил во август во 2015 година, што од неговиот Кабинет го демантираа на прашање на Јутарњи лист.

Таинствено патување

„Поранешниот претседател на РХ, господин Стјепан Месиќ престојувал во Северна Кореја во краток, целосно приватен ангажман и тоа уште пред 2015 година. Поради тоа да се објавува на почетокот на 2016 година информација за тој негов престој како некоја сензација е целосно непримерно и промашено. За неговиот престој државата Хрватска не потрошила ниту едно евро. Токму поради целосно приватниот карактер на престојот, јавноста за таа посета не била известена, за разлика од пригодите во кои поранешниот претседател патува на покана во странски земји, се состанувал со нивни функционери или говорел на меѓународни собири, а за што сите релевантни податоци можат да се најдат на веб страната на Кабинетот на поранешниот претседател‟, гласи одговорот кој го напиша Мирјана Павковиќ, шеф на Кабинетот на претседателот на РХ по престанокот на вршењето на неговата должност.

Месиќ веќе неколку дена е болен и зема антибиотици, така што со поранешниот шеф на државата комунициравме преку неговите соработници.

Меѓутоа, многу е интересно како никој од луѓето кои со него секојдневно комуницираат не знаеле дека бил во Пјонгјанг. Сите делуваа изненадено кога ги прашавме кога Месиќ престојувал во најизолираната држава на светот. Прво се зачуди секретарката во неговиот кабинет, а потоа советникот на Месиќ Јован Вејновиќ одговори дека никогаш не слушнал дека поранешниот претседател престојувал во Северна Кореја. Идентичен одговор на крај добивме од Томислав Јакиќ, кој со години беше советник на Стипе Месиќ за надворешна политика – рече Јакиќ.

Службениот кабинет на Месиќ редовно и многу квалитетно ја ажурира веб страната со известувања за активностите на поранешниот претседател, каде оди и што зборувал на патувањата. Месиќ често патува, на пример во 2015 година два пати ја посетил Индија, а ги посетил Русија, БиХ, Франција и уште десет држави.

Пред една година патувал во Словенија, Албанија, Италија, Узбекистан, Казахстан, Азербејџан, Индија, Кина (8 дневна турнеја во април 2014 година), Кувајт, Украина, Туркменистан и Андора.

Светски мир

А на 17 април во 2014 година во Сеул главниот град на Јужна Кореја, учествувал на Конференцијата за светски мир на тема „Дијалог за меѓусебно разбирање за светскиот мир‟, чиј основач Ли Ман-Хи за себе тврди дека е бесмртен, каде ги критикувал САД и Европската унија поради односот кон Владимир Путин.

– И конечно, од истата причина ги сведочиме крајно опасните настани во Украина, што се предизвикани од погрешно калкулирање темелено на тоа да се оди чекор подалеку во т.н. скротување на Русија и во нејзино опколување со режими кои нема да и бидат наклонети, ниту ќе сакаат да ја продолжат стопанската соработка со неа – изјави поранешниот хрватски претседател.

Можеби по таа прилика бил и во тајна посета на Северна Кореја, но треба да се почека дали Стипе Месиќ ќе ја објасни оваа чуда ситуација.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари