Тајните депоа на „Музејот Никола Тесла“

Од:

Се она што Никола Тесла го поседуваше по негова желба, осум години по смртта и една година пред основањето на музејот што го носи неговото име , е пренесено во Белград во 1950. година. Но голем дел од неговото наследство никогаш не е изложено пред јавноста.

Најголем дел од неговото наследство е личната архива, која е под заштита на УНЕСКО, а се состои од дури 160.000 различни документи и сеуште е далеку од очите на јавноста. Се чува во две простории, во специјални сефови во музејското депо во Белград.

Во музејот се наоѓаат и многу негови лични предмети. Најмногу има облека, како и предметите кои ги користел при работа, како разни алати и лабораториски инструменти.

Тесла ја следел модата. Сакал да носи ракавици. Иако се зборува дека носел само бели, сепак нив најмалку ги има. На ниедна фотографија Тесла не е со шапка, иако имал многу. Во музејот се и многу негови чорапи, како и свилени кошули за спиење. Неговите кондури, како и се друго биле изработувани по мерка, а освен кафеави и црни, носел и зелени кондури и чизми.

Музејот го чува и креветот на Никола Тесла, сефот, и друг намештај од хотелската соба со број 3327 на 33 кат на хотелот „Нјујоркер“, каде ги помина последните десет години од животот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија