„Тајмс“: Компромисот меѓу Грција и ЕУ е најверојатното решение

Од:

Изнаоѓањето компромис меѓу Грција и нејзината нова влада со ЕУ и кредиторите е најверојатното решение за тоа како понатаму да се спроведуваат мерките за спасување на земјата и за одржување на стабилносто во еврозоната, пишува лондонски „Тајмс“ во анализата, по неочекувано убедливата победа на радикалната левица и десница на грчките парламентарни избори.

Весникот забележува дека и покрај „тврдите“ изјави дадени во изборната кампања, новиот премиер Алексис Ципрас ќе мора да се прилагоди на преземените обврски на земјата и да направи компромис со „Тројката“ (ЕУ, ММФ, Европска централна банка) околу непопуларните мерки за намаленото буџетско трошење, но дека компромис ќе треба да направи и Унијата.

„Тајмс“, кој прв во Велика Британија предупредуваше дека преголемиот притисок врз Атина и строгата контрола врз трошоците што ги прави државата може во земјата да изнудат силен подем на дотогаш маргинализираната крајна левица и десница, што сега се случува, забележува дека доколку не се работи на изнаоѓањето компромис ќе остане варијантата за излез на Грција од зоната на еврото.

Овој лондонски весник укажува и на опасноста успехот на Сириза, но и на другите мали партии од крајните крила на грчката политичка сцена, да се претвори во „магнет“ за гласачите во Шпанија, Португалија, па и во Италија, каде веќе се создадени партии кои се против традицоналната поделба на власта во овие земји, кои заговараат „ослободување од стегите“ на ЕУ и во основа се антиевропски.

Весникот „Индепендент“ близок до британските либерали, смета дека победата на Сириза и на Ципрас претставува „антикапиталистички револт“ на дел од грчките гласачи и најава за ваков триумф на (ултра)левицата и низ Европа.која долго време чека да возврати за „социјалните неправди“.

Евроскептичниот „Дејли Телеграф“ во сето ова што се случува во Грција и околу неа, гледа само како на закана за еврото и за сегашниот концепт на ЕУ. Весникот кој секојдневно ја форсира линијата за темелно реформирање на Унијата и за откажување од еврото, што е определба и на евроскептиците и на поголемиот дел од конзервативците, триумфот на радикалната левица во Грција го оценува како несогласување (на Грците) со строгиот план за штедење „наметнат од Германија“.

Пролабуристичкиот „Гардијан“ забележува дека ако се стави настрана еуфоријата во Атина на средната класа, на младите, но и на хомосексуалците и имигрантите, собрани пред седиштето на Сириза кои чекаат да се вратат удобностите што ги имаат загубено, останува впечатокот за моќниот „изборен удар“ на домашните гласчи, што може лесно да ги уништи првите добри резултатите и постигнувања во Грција,во периодот по излегувањето од шест годишната рецесија.

На тоа предупредува и „Сан“ кој отворено укажува на новата грчка реалност, во која „еден млад и неискусен левичар доби мандат и власт,без идеи што да прави со неа“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески