Тахири: Во 2019 ќе започне запленувањето на незаконски стекнатиот имот на косовските функционери

Од:

Министерот за правда на Косово Абељард Тахири изрази уверување дека во текот на 2019 година ќе започне да се запленува незаконски стекнатиот имот на функционерите и ќе се разбијат криминалните групи.

Тахири вели дека се подобрени законите во правниот систем и дека од моментот кога ќе стапат на сила, што се очекува да се случи мошне бргу со нивното објавување во „Службен весник“, судиите и обвинителите ќе ги имаат на располагање инструментите за борба против корупцијата и заплена на незаконски стекнатиот имот.

– Верувам дека идната година ќе биде посилна во борбата против овие појави, бидејќи се зголемени капацитетите во судството и обвинителството и извршивме унапредување на законите, изјави Тахири за порталот „Економиа Онлајн“.

Тој најави дека негов приоритет во идната година ќе биде заплената на имотите кои се незаконски стекнати.

– Годината 2019 ќе биде година во која ќе покажеме успех во конфискувањето на незаконскиот имот и во разбивањето на криминалните групи кои се занимаваа со рекет и каматарење, изјави Тахири.

Косовскиот министер за правда вели дека Владата го исполнила и последниот услов за визна либералзација, а тоа е борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски