Тахири: Нема ЗСО додека Косово не добие телефонски повикувачки броеви

Од:

 Косовската министерка за дијалог меѓу Косово и Приштина Едита Тахири за весникот „Зери“ изјави дека основањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) нема да се случи се додека Косово не добие телефонски повикувачки број.

Според неа, прашањето на ЗСО веќе е во фаза кога би требало да се изработи Статут, согласно одлуката на Уставниот суд.

– Меѓутоа, ние не почнавме со изработка на Статутот. Тоа ќе мора да го почека прво решавањето на прашањето за телефонски повикувачки број, за кое Србија веќе го прекрши договорот бидејќи на 1 март требаше да се затвори ова прашање. Ние ги исполнивме сите обврски, додека српската страна не ги заврши своите должности, тврди Тахири. 

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски