Тахири: Нема напредок за договорот

Од:

Вицепремиерот на Косово, Едита Тахири во разговорите во Брисел изјави дека нема наредок во интеграцијата на припадниците на паралелните безбедносни структури на Србија во институциите на Косово.

-На овие состаноци не се забележани конкретни чекори околу остварување на договорот и остануваат отворени прашања за т.н Цивилна заштита, како и за оружјето,бидејќи српската страна не сакаше да дискутира за тоа-изјави таа.

Истовремено, во Министерството за внатрешни работи на Косово истакнаа дека припадниците на Цивилната заштита ќе бидат дел од косовската полиција, но и дел од институциите кои што се занимаваат со раководство во кризите.

Но, наспроти изјавите на Тахири, премиерот на Косово, Хашим Тачи вчера наведе дека започнала општа примена на договорот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски