Тахири: Ќе се расформираат паралелните српски структури во Косово

Од:

Косовскиот вицепремиер Едита Тахири денеска најави дека до крајот на септември ќе бидат расформирани сите паралелни безбедносни структури на Србија во северно Косово, како што е предвидено во договорот меѓу Приштина и Белград.

– Ако се се одвива според планот сите нелегални српски безбедносни структури, кои функционираат во Косово од 1999 година ќе бидат расформирани, истакна Тахири, које е и шеф на косовската делегација во разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел.

Таа наведе дека одредени лица, кои сакаат да станат дел од полицијата на Косово и другите безбедносни структури, ќе бидат интегрирани во нив.

Тахири посочи и дека се работи и на затворање на нелегалните српски структури во општините во северниот дел на Косово, кои подоцна ќе се интегрираат во косовските институции.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски