Тахири: Досега спроведени 29 од 33-те договори со Белград

Од:

Косовскиот министер за дијалог Едита Тахири денеска изјави дека од 33-те договори постигнати во рамките на бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, досега „во целост се спроведени 29“.

Таа тврди дека големиот број „српски паралелни структури“ се распуштени, а дека односите се „генерално нормализирани“ и покрај повремените проблеми.

Во интервју за весникот „Зери“, Тахири наведе дека Приштина не може да го прекине дијалогот со Белград поради апсењето на регионалниот директор на косовската полиција Нехат Тачи, бидејќи тоа би ја „загрозило европската перспектива на Косово“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани