Тачи: Време е за економски развој на Балканот

Од:

Унапредувањето на регионалната економска соработка беше главна тема на средбата на косовскиот претседател Хашим Тачи со стопанска делегација предводена од генералниот секретар на Европската асоциација на стопански и индустриски комори, Арналдо Абрузини.

Како што јави дописникот на МИА, во соопштението од кабинетот на Тачи се наведува дека во состав на делегацијата биле и претседателите на стопанските комори на Македонија, Бранко Азески, на Косово, Сафет Грџалиу и на Србија, Марко Чадеш.

Според електронско издание на приштинскиот весник „Експрес“, на средбата Тачи оценил дека економијата е клуч за мирот и соработката во регионот на Балканот и пошироко. – Мина времето на национализмот. Граѓаните сакат мир, развој и благосотојба, изјавил Тачи.

Абрузини од своја страна изјавил дека регионалната соработка е клучна за развојот и му честитал на Тачи „за промоцијата на дијалогот и соработката“.

Тачи од своја страна потенцирал дека државните институции на Косово подржуваат иницијативи за регионална економска соработка и го поттикнуваат нејзиното продлабочување.

Би можело да ве интересира

Тачи нема да гласа за новите министри

Горан Наумовски

Внуката на Тачи e пронајдена мртва

Горан Наумовски

Бубевски: Умислата е причина за Тачи да биде построго казнет, за Мијалков е побудата поради која го сторил делото

Кристијан Ландов

Хоти ја потврди средбата со српската страна во Вашингтон, Тачи не кажа дали ќе учествува

Жарко Настоски

Кремљ: Русија ја следи состојбата со косовските политичари обвинети во Хаг

Жарко Настоски

Харадинај: Веруваме дека Тачи, Весели и сите припадници на ОВК се невини

Жарко Настоски