Кремљ: Русија ја следи состојбата со косовските политичари обвинети во Хаг

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави денеска дека Кремљ „многу внимателно“ ја следи ситуацијата со обвиненијата против Хашим Тачи и Кадри Весели, затоа што, како што истакна, тие по одлуката за покревање на обвиненијата откажале некои закажани состаноци и посети, пренесуваат руските медиуми.

Специјалното обвинителство на Косово вчера подигна обвинение против Хашим Тачи, Кадри Весели и неколкумина други лица за сторени злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи и убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.

Тачи уште синоќа ја откажа посетата на Вашингтон, каде на 27 јуни треба да се одржи средба од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Тридневна жалост во српските заедници во Косово

Уапсени две лица во хотел во село Бањска

Ова се тројцата Срби кои беа убиени во Бањска

Горан Наумовски

Русија за протерувањето на свештениците од Бугарија: Провокација по евроатлантските насоки за која ќе има одговор

Најт: Во Косово сме да обезбедиме стабилност за да може да има политичко решение

Објавен е идентитетот на загинатите во Бањска