Тачи во посета на Тирана

Од:

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи денеска ќе престојува во Тирана, каде ќе му биде врачена титулата почесен доктор на Тиранскиот универзитет.

Според косовските медиуми, официјална Приштина најави и други посети на министри од двете влади, а потврдено е дека двете влади ќе одржат заедничка седница во март, што ќе биде втора таква средба на владините кабинети на двете земји, по онаа од 11 јануари 2014 одржана во Призрен.

Неделава во Тирана ќе престојува и косовскиот министер за здравство Имет Рахмани, кој со својот домаќин, албанскиот министер за задавство ќе ги конкретизираат заедничките активности во областа на здравството.

Најавена е и средба на министрите за земјоделство, како и други владини функционери на двете земји, со кои „ќе приоднесат во создавањето клима на стабилност и соработка во регионот и процесот на интеграција во евроатланските структури“.

Пред една година, на 11 јануари, во куќата на Призренската лига, по заедничката седница на владите на двете земји, беше потпишан Документ за соработка и страешко партнерство меѓу Косово и Албанија, како и други договори.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски