Тачи: Србија ја согледа реалноста

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека враќањето на дијалогот е добар знак за тоа дека Србија конечно ја согледала реалноста и дека тоа што се предвидува со договорот е најдобро и единствен решение.

-Србија може да изјави што сака но реалноста е сосема друга, наведе Тачи и додаде дека во договорот кој го предложи високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, на Косово му дава за право да биде претставено во регионалните и меѓународни организации, да се зачлени во НАТО, но и во организацијата на ОН.

Тачи за приштинската „РТВ21“ изјави дека ставовите на Приштина се во рамките на документот кој го предложи Ештон, но дека Србија го одбиваше тој договор.

-Поканата за враќање на разговорите е добар знак Србија да се врати на конечниот договор. Како што јавноста е запознаена ќе имаме единствено функционирање во правосудството.Така ќе биде и со полицискиот систем на целата територија на Косово – истакна Тачи.

Премиерот на Косово оцени дека поканата од висиката претставничка на ЕУ двете делегации да се вратат на разговорите во Брисел , всушност покажува подготвеност за прифаќање на нејзините предлози.

-Што се однесува до прашањето за нормализација на состојбата на север и тоа ќе биде во рамките на Уставот, законите на Косово и резолуцијата на Собранието на Косово, додека правосудниот, судскиот и полицискиот систем ќе бидат единствени за целата држава. Истовремено планирано е да се одржат и локални избори, според косовските закони, во текот на ова или следната пролет -изјави Тачи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски