Тачи: Сонот на Прешевската Долина за обединување со Косово ќе го направам реалност

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ја повтори неговата заложба за присоединување кон Косово на Прешевската Долина, област во јужна Србија населена со мнозинско албанско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба со поранешни лидери на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (УЧПМБ), Тачи порача дека ќе продолжи да работи на тоа „сонот на секој Албанец што живее таму“ да стане реалност.

– Една пријателска средба со некои од поранешните водачи на УЧПМБ. Обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со Косово е сон на секој Албанец што живее таму. Непрекинато, со политичка волја, работам на тоа овој сон да го претворам во реалност, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски