Тачи: Со учеството на Србите изборите добиваат целосна смисла

Од:

Учеството на Србите од северот на Косово на локалните избори на трети ноември, им дава целосна смисла на истите, затоа Србите треба да учествуваат на изборите. Ова е оценката на косовскиот премиер Хашим Тачи изнесена на денешната седница на Владата.


– Изборите на трети ноември ќе потврдат дека Косово се движи со сигурни чекори во исполнувањето на критериумите за демократски живот и европско Косово, рече Тачи.


Тој уште еднаш ги повика сите граѓани на Косово, посебно Србите од северниот дел, што помасовно да излезат и да гласаат, зашто, како што нагласил нивното учество е нова можност и гаранција дека „ќе изградиме наше заедничко Косово“.


Тачи дал гаранција дека локалните избори ќе бидат фер, слободни и демократски.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски