Тачи се надева на договор со Белград за струјата и телекомуникациите

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска пред почетокот на новата рунда дијалог со српскиот колега Ивица Дачиќ изјави дека се надева на постигнување договор за електричната енергија и телекомуникациите.

– Се надевам на договор, бидејќи постои добра воља, истакна Тачи на прес-конференција во Брисел, каде Дачиќ претходно ги започна билатералните разговори со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Тој додаде и дека имплементацијата на Бриселскиот договор, кој е склучен на 19 април меѓу Белград и Приштина, оди добро и според планот.

Запрашан да го прокоментира тоа што косовскиот Парламент минатата недела го отфрли предлог-законот за амнестија, Тачи одговори дека таа работа „е во процедура“.

– За тоа сега се разговара во Претседателството на Парламентот и во одборите, истакна косовскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски