Тачи: СБ на ОН да ги препознае напорите на косовската Влада

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи денеска на седницата на Советот за безбедност во Њујорк изјави дека Косово создало услови за формирање Специјален суд, но и оцени дека никој на Косово нема да дозволи „геноцидот на државата Србија да се изедначува со евентуални активности на очајни поединци од заедницата на потчинети“.

На седницата за редовниот тримесечен извештај до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за состобата во Косово, Тачи рече дека се надева дека „Советот за безбедност на ОН ќе ги препознае зрелите напори на косовската Влада да се занимаваат со сите злосторства направени во годините на војната“.

– Косово во изминатите месеци е соочено со некои од најтешките предизвици во последните неколку години, но тие предизвици беа можност Косово да ја докаже својата трансформација од земја на која и беше потребна помош за зачувување на својата безбедност, а сега е извор на стабилност и мир, рече Тачи.

– Никој во Косово, вклучувајќи ме и мене, нема да седи со скрстени раце и да дозволи преку Специјалниот суд да се изедначуваат геноцидните активности на Слободан Милошевиќ, државата Србија, со евентуалните активности на очајните поединци од заедницата на потчинетите, кои се направени за време или после војната. Војната на Србија против Косово е водена со учество на армијата, полицијата и паравоените единици, а со поддршка на српските интелектуалци. Тоа беше чист и едноставен фашизам, смета Тачи.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски