Тачи: Сакам мултиетничка влада и продолжување на дијалогот со Србија

Од:

Косовскиот премиер и лидер на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи сака по парламентарните избори в недела да формира мултиетничка влада и да го продолжи дијалогот со Белград.

Тој посакува многу стабилна коалиција која треба да биде мултиетничка, во која би биле застапени малцинствата, Србите и останатите.

– И понатаму ќе се ангажирам околу дијалогот, бидејќи верувам дека тоа е правилен пат кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, истакна Тачи, додавајќи дека е свесен дека поради тоа „платил политичка цена“.

Тој нагласи дека за Косово не постои никаква алтернатива, никаков друг пат од оној во ЕУ.

На изборите в недела Тачи очекува дека ќе освои значајна предност и многу убедлива победа на неговата партија, истакнувајќи дека програмата на партијата ја има поддршката од граѓаните, а гласачите веруваат во неговото ветување дека во следниот мандат ќе бидат отворени 200.000 работни места.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски