Тачи: Почна имплементацијата на договорот со Белград

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска оцени дека примената на договорот меѓу Белград и Приштина е исклучително важен чекор и изрази уверување дека многу брзо ќе бидат отстранети и останатите две барикади во северниот дел на Косовска Митровица.

Тој на владината седница истакнал дека е исклучително важно што може да се каже дека процесот на имплементација на договорот почнал целосно да се применува.

– Слободата на движењето забележи голем напредок. Полицијата и цариниците слободно се движат до премините Јариње и Брњак, што значи дека целосно е започната примената на Бриелскиот договор. Остана да се работи на отстранување на останатите две барикади, нагласи Тачи.

Косовскиот премиер додаде дека е исклучително важно дека се затворени сите полициски поставки на српското Министерство за внатрешни работи, што потврдиле и косовската полиција и ЕУЛЕКС.

– Сега почнува фаза на поединечно регрутирање на Србите во косовската полиција, истакна Тачи, додавајќи дека, исто така, е важно што во судовите кои работат на Северот повеќе нема да се прима ниту еден предмет.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски