Тачи: Не сакаме во никој случај да ја замениме нашата евроатлантска перспектива со која било регионална иницијатива

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи на „Фејсбук“ објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, јави Танјуг.

„Прво, Косово беше намерно занемарено од Србија на Првиот самит на оваа нова регионална иницијатива. Второ, единствената визија на Косово останува членството во ЕУ и НАТО. Затоа, ние не сакаме во никој случај да ја замениме нашата евроатлантска перспектива со која било регионална иницијатива.“, напиша Тачи.

Според Тачи, оваа регионална иницијатива е „бесмислена “ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

– Се залагаме за надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само откако тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава, заврши Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски