Тачи: Не му го давам премиерското место на Харадинај

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи повторно рекол дека нема намера функцијата претседател на владата на Косово да му ја препушти на лидерот на опозиционата Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај.

Тачи за дневникот “Бота сот“ (Светот денеска), изјавил дека на таа функција премиер ќе остане до крајот на мандатот, односно до новите парламентарни избори на Косово.

Претседателот на Владата на Косово рекол дека останува верен на договорот со гласачите и дека тој договор, со самото тоа и функцијата премиер, под ниту еден услов нема да се доведе во прашање.

Харадинај, најавил дека би можел веќе во јануари да стане премиер и дека тоа е услов неговата партија да влезе во коалиција со ДПК, Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ