Тачи: Не ги признаваме одлуките на судовите донесени според српските закони

Од:

Косовскиот премиер, Хашим Тачи изјави дека одлуките на судовите на северот на Косово се донесени според законите во Србија и дека истите нема да бидат признаени.

Како што пишува „Коха диторе“ тој во текот на предавањето во политичкото училиште во Приштина истакнал дека има голем притисок од меѓународните официјални лица да ги признае одлуките на паралелните судови, но дека Косово тоа не го прифатило.

Тачи повикувајќи се на договорот кој што во Брисел го постигна со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ рекол дека е предвидено судските власти на северот да бидат интегрирани и да делуваат во рамките на правниот систем на Косово.

Премирот на Косово исто така оценил дека договорот со Србија не е најдобар, но дека е најдобро можно решение.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски