Тачи: Могерини треба да биде вклучена во дијалогот

Од:

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Морегини треба да биде вклучена во дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел разговорите да бидат успешни.

– Јас сфаќам дека Могерини има мошне зафатена агенда, но Балканот треба да биде еден од приоритетите на ЕУ. Ако сакаме да имаме успех, Могерини треба да биде присутна на состаноците. Таа треба да биде на чело на разговорот, рече Тачи во интервју за „Волстрит журнал“.

Тачи изјави дека не е носталгичен кон југословенскиот комунистички лидер Јосип Броз Тито, но оти во негово време Албанците слободно се движеле и можеле да патуваат без визи.

Тој изрази незадоволство поради тоа што не е либерализиран визниот режим за граѓаните на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски