Тачи: Косово направи компромис со прифаќањето на планот на Ахтисари

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изрази надеж дека ќе биде постигнат договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што е од заемен интерес, истакнувајќи дека Приштина направила компромис со прифаќањето на планот на Марти Ахтисари.

Пред да отпатува за Брисел на денешната средба со премиерот на Србија Ивица Дачиќ, Тачи на приштинскиот аеродром изјави дека договорот ќе претставува крај на вековниот конфликт меѓу двете земји и ќе придонесе за нормализирање на добрососедските односи.

Премиерот на Косово нагласи дека евентуалниот договор со Србија ќе биде во целосна согласност со Уставот, законите и интересите на Косово и во согласност со највисоките европски стандарди.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски