Тачи: Косово и ЕУ се согласија за енергетиката и телекомуникациите

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави денеска дека Косово и Европската унија постигнале согласност во врска со договорите за енергетика и телекомуникации, додека одговорот на Србија во врска со овие две прашања се очекува на 8 август.


Тачи на седница на Владата истакна дека очекува Србија да ги прифати понудените спогодби.


– Во врска со енергетиката и телекомуникациите слободно можам да кажам дека овие прашања за Косово се затворени. Исторо е и што се однесува до ЕУ и бароницата Ештон. Ние очекуваме позитивен одговор од Србија на 8 август за прашањето за овие две важни спогодби за енергетиката и телекомуникациите, рече Тачи.


Тој нагласи дека Бриселскиот договор веќе се спроведува во неколку области. – Напредок е постигнат во затворањето на полициските станици на паралелните структури на Србија во северно Косово и во процесот за овозможување на интерграција на Србите, кои сакаат да се интегрираат во полицијата на Косово, додаде Тачи.


Косовскиот премиер изјави дека на последната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел пред два дена, бил постигнат напредок за прашањето за одржување на локалните избори закажани за 3 ноември.


Тој изрази уверување дека изборите ќе бидат успешни и дека на нив ќе учествуваат припадници на сите заедници.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски