Тачи: КФОР станува се помалку потребен, Косово се стреми кон НАТО

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи на денешната церемонија по повод смената на командата на воената мисија КФОР, изјави дека заедничките упсеси на косовските безбедносни сили со НАТО го прават присуството на таа меѓународна мисија во земјата да биде се помалку потребна, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи во своето обраќање на церемонијата во косовскиот главен град одаде признание на КФОР како „доверлива мисија за зачувување на мирот во Косово“ и нагласи дека благодарение на досегашната соработка со меѓународните сили беше формирана Војската на Косово.

Косовскиот претседател порача дека Косово останува посветено на постигнувањето траен мир во регионот и изрази надеж дека неговата земја наскоро ќе биде дел од Северноатлантската алијанса.

– Среќен сум кога гледам дека од нашата сорабтока се роди Војската на Косово, Бедзбедносните сили на Косово (ФСК) како професионална и мултиетничка сила во служба на сите граѓани на Косово. Развојот на Војската на Косово, на ФСК значи дека еден ден во блиска иднина ќе се реализираат нашите праведни стремежи не само НАТО да биде во Косово, туку Косово да биде во НАТО, за со својата работа да придонесе за мирот. Косово е денес мултиетничко општество, посветено на постигнување мир во корист на граѓаните со сите земји во регионот и целиот европски континент, изјави Тачи.

Италијанскиот генерал-мајор Микеле Риси ја презеде денеска командандата на КФОР од неговиот сонародник, генерал-мајорот Лоренцо Д‘Адарио, кој беше на чело на мисијата на НАТО во Косово од 28 ноември 2018 година.

Риси, кој е 24. заповедник на КФОР од неговото формирање во 1999 година, во своето обраќање им изрази признание и благодарност на земјите на НАТО и неговите сојузници за придонесот за безбедноста на целото косовско население, како и за зачувувањето на стабилноста во Косово, Балканот и цела Европа.

На церемонијата на примопредавање на командата, покрај Тачи присуствуваа и премиерот во оставка Рамуш Харадинај, идниот мандатар за состав на Владата Албин Курти, претставници на ФСК, полицијата и на други косовски институции, како и шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина Наталија Апостолова, амбасадорите на Соединетите Американски Држави и Велика Британија, Филип Коснет и Николас Абот и други претставници на дипломатскиот кор акредитиран во Косово.

Би можело да ве интересира

Хазири: Денеска ќе се постигне големиот договор меѓу ЛДК и ВВ за промени во Косово

Ана Ололовска

Една година од формирањето на војската на Косово

Ана Ололовска

Курти и Мустафа денеска на нова средба во обид да формираат влада

Ана Ололовска

Нова средба на Курти и Мустафа во обид да договорат заедничка влада

Тачи ја одложи конститутивната седница за 26 декември

Коснет: Курти да не се однесува како премиер на северна Албанија

Ана Ололовска