Тачи ја свика конститутивната седница на новото Собрание на Косово на 24 декември

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја свика за 24 декември во 9 часот конститутивната седница на седмиот состав на Собранието на Косово, произлезен од парламентарните избори одржани на 6 октомври.

Во соопштението од кабинетот на Тачи се наведува дека одлуката е донесена согласно неговите уставни и законски обврски и овластувања, како и врз основа на објавата на Централната изборна комисија од 27 ноември за сертификација на конечните резултати од предвремените избори.

– Претседателот и Претседателството на шестиот состав на Собранието на Република Косово, согласно соодветното законодавство кое е на сила, ќе го изготват дневниот ред за Првата седница на седмиот состав на Собранието на Република Косово, се наведува во соопштението од кабинетот на косовскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски