Тачи ја одложи конститутивната седница за 26 декември

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи го одложи датумот за одржување на конститутивната седница на косовскиот парламент за 26 декември.

Тачи прво ја закажа конститутивната седница за 24 декември, а одлуката да ја премести два дена подоцна ја донесе на барање на политичките партии, пренесува „Коха“.

Тој го прифати барањето на повеќето политички партии за одложување на првата седница на седмиот состав на парламентот со оглед на фактот дека 24 декември е Бадник, пред католички Божик.

Конститутивната седница ќе се одржи на 26 декември во 15 часот. Тој ден истекува рокот од 30 дена за одржување конститутивна седница.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски