Тачи ги повика косовските Срби масовно да излезат на избори

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи на денешната владина седница изјави дека „процесот за имплементација на Договорот од 19 април меѓу Косово и Србија, продолжува“.


Според него, во тек се нови средби на техничките и експертските екипи во Брисел, а при крај е и целиот процес за Интегрирано управување со границата, што подразбира и почеток за изградба на модерни објекти на шесте гранични премини меѓу двете земји.


– Како што е веќе познато, финансиските средства ги обезбеди Европската комисија. Се тоа е согласно претходно постигнатите договори, истакна Тачи. 


Тој целосно верува дека локалните избори, кои се закажани за 3 ноември, ќе бидат фер, слободни и демократски, нагласувајќи дека било побарано од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон да испрати што поголем број набљудувачи кои ќе го следат процесот одблиску.


Тачи уште еднаш ги повика сите граѓани на Косово, посебно Србите од северниот дел на земјата, што помасовно да излезат и да гласаат.


– Нивното учество е нова можност и  гаранција дека ќе изградиме наше заедничко Косово, истакна косовскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски