Тачи: Ештон знае дека Србија е виновна за пролонгирањето

Од:

Владата на Косово не одлучува за изгледот на гласачките ливчиња за општинските избори, кои што ќе се одржат на 3-ти ноември, тоа не е ниту во мандатот на владата за да разговара во Брисел, изјави Хашим Тачи.

-Владата на Косово и косовската делегација тоа не го коментираат, бидејќи тоа не им припаѓа. Тоа прашање е на Централната изборна комисија. Ние само ги почитуваме нејзините одлуки-рече косовскиот премиер.

Тачи утре во Брисел треба да се сретне со српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој претходно најави дека Србите нема да излезат на изборите доколку на гласачките ливчиња стои ознаката на Косово како држава.

На средбата се очекува дека двајцата премиери ќе разговараат за енергетика, телекомуникации и за правосудството.

Тачи денес изјави и дека Косово ги исполнило сите обврски кои што се предвидени во бриселскиот договор, но дека сите пролонгирања настануваа поради Србија.

-И ставот на високата претставничка, Ештон беше јасен, дека одлагањата се поради Србија-истакна тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски