Тачи до опозицијата: Владата не прифаќа дијалог со условување

Од:

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи, смета дека опозицијата треба да ја прифати поканата за дијалог бидејќи само преку дијалог може да се најде решение за излез од создадената ситуација.

Тој и порача на опозицијата дека Владата не ни помислува да прифати дијалог со условување.

– Има некои правила во политиката. Дијалог нема со условување туку  со добра волја и уставна и законска одговорност. Секоја добра волја, од било кого, ќе биде испочитувана од Владата. Поканата е да се прекине активност која не е традциија, ни од граѓаните на Косово, ни од косовската политика во изминатите 15-16 години на демократија, затоа сметам дека има простор да се надмине актуелната состојба, изјави Тачи за РТВ 21.

Веќе подолг период Косово е во политичка криза. Поради несогласувањето со Спогодбата за формирање Асоциација на српските општини, потпишана во Брисел и договорот за демаркација на границата со Црна Гора, потпишана од владите на двете земји опозициските пратеници ја блокираа работата на парламентот со фрлање солзавец, предизвикаа нереди, при што неколку од пратениците од националистичкото движење „Самоопределување“ се во притвор.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски