Тачи: Дијалогот со Белград ќе продолжи

Од:

Министерот за надворешни работи во новата косовска Влада, Хашим Тачи, изјави дека дијалогот со Белград ќе биде продолжен, а спогодбите од Брисел спроведени.

-Ќе продолжиме да ги спроведуваме спогодбите кои ги постигнавме во Брисел. Среќа е што Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) како коалициски партнер ја поддржа Бриселската спогодба и гласаше за неа во Собранието. Добар сигнал е што и опозицијата, која се надеваше дека ќе формира влада, изрази подготвеност за дијалог, рече Тачи во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Според него, ќе се постигне и нова спогодба, а спогодбата за правосудството е „на прагот да биде финализирана“.

Тачи се надева и дека процесот на нормализација на односите со Белград на почетокот на следната година ќе добие нова динамика , а дека сето тоа ќе заврши со „признавањето на Косово“.

Тој верува дека коалициската спогодба со ДСК, која предвидува тој да биде претседател на Косово од 2016 година, ќе се почитува.

Тачи, инаку, најави дека утре ќе го посети Брисел и уште некои европски центри, навестувајќи на Фејсбук дека официјалната агенда ја почнува со посетата на главните градови на Европа за да се сретне со „носителите на европската надворешна политика“.

Тој напиша дека прво ќе се сретне со Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, со кого ќе разговара за „зајакнување на делувањето меѓу Косово и СЕ“, а потоа ќе отпатува за Брисел каде ќе се сретне со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, и комесарот Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски