Тачи: Без посети на Косово со изборен карактер

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека неговата Влада сериозно ќе ги разгледа сите барања од Белград, доколку некој функционер побара да го посети Косово, но нема да дозволи посети што имаат изборен карактер.

– Наша цел не е да немаме комуникација, наша цел е всушност комуникација и изградба на добрососедство, односно европска врска. Во случај на барање за посета на функционер од Белград на Косово, Владата во Приштина најсериозно ќе го разгледа тоа барање. Сепак, нема да дозволиме посети кои како цел имаат изборен карактер. Ако сакаат да посетат некој манастир, тогаш секако дека ќе им дозволиме да го посетат, ја пренесува Танјуг изјавата на Тачи за агенцијата Косовапрес.

Тачи нагласи дека одлуката за забрана на посета на функционери од Белград на Косово била самостојна, додавајќи дека за тоа неможе да одлучи никој друг освен косовските институции.

Заменикот-премиер и министер за правда на Косово Хајредин Кучи за весникот „Епока е Ре“ изјави дека на ниту еден српски функционер, дури ни на премиерот на Србија Ивица Дачиќ, нема да му биде дозволена посета на Косово, ако таа посета има за цел учество во изборната кампања.

Ивица Дачиќ претходно најави дека најверојатно идната недела ќе го посети Косово, додавајќи дека во предизборната кампања за локалните избори ќе учествуваат и претседателот на Србија Томислав Николиќ и првиот потпретседател на српската Влада, Александар Вучиќ.

Во Брисел синоќа беше одржан 17. круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина, а Дачиќ по состанокот изјави дека се договорени механизми што ќе овозможат отстранување на проблемот со организирање на изборите и можноста српски функционери да патуваат на Косово за време и по изборите.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот