Тачи бара расветлување на злосторствата пред и по војната

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи испрати четири писма до косовското Обвинителство и обвинителскиот Совет во кои бара расветлување на злосторствата, силувањата и уништувањето на културното и верското наследство на Косово за време на војната и по неа.

Тачи ова го го соопшти на прес-конференција на која не беа дозволени прашања, а приштинскиот весник „Коха диторе“ пишува дека правни експерти сметаат дека писмата се мешање на политиката во борбата против криминалот и наведуваат дека тој за тоа можел да размислува и порано, додека бил премиер.

Тачи изјави дека побарал да се расветлат случаите како масакрот на семејството Јашари, како и злосторствата во Рачак, Избица, Горно Обриње, Дубрава.

Во второто писмо тој бара да се посвети посебно внимание на злосторствата сторени веднаш по војната и подоцна, како убиството на браќата Битиќ во јуни 1999 година и обидот за напад врз косовскиот претседател Ибрахим Ругова.

Тој истакна дека побарал и расветлување на случаи како Стар Грачак, Липљан и убиството на две момчиња во Гораждевац, како и нападот на Ниш експер во Подујево.

Во третото писмо тој обвинителите ги повика да посветат внимание на случаите на силување и сексуално злоупотребување за време на војната, а во четврото ги повика обвинителите да ја расветлат вистината за уништувањето на како што рече „заедничкото“ културно, историско и верско наследство.

Косовското здружение на новинари упати критика до Тачи, поради тоа што не сакал да одговара на прашања и повика на поголема транспарентност кон медиумите.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски